Борисов: Се надевам дека в година раѓањето на Гоце Делчев ќе го славиме со браќата од Северна Македонија

0
75

Се надеваме дека заедно со нашите браќа од Северна Македонија, следната година ќе ја прославиме 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.

Ова го изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов по повод годишнината од раѓањето на големиот револуционер.

„Денеска се навршуваат 149 години од раѓањето на Гоце Делчев – војвода, активист на македонско-одринското револуционерно ослободително движење, меѓу нашите најистакнати заеднички историски херои. Се надевам дека имаме мудрост следната година, заедно со нашите пријатели и браќа од Северна Македонија, да го прославиме неговиот 150-годишен јубилеј, обединети и заедно на патот на европската интеграција“, рече премиерот Борисов.