БОРИСОВ : ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ГО ДАДЕ СВОЈОТ ЖИВОТ ЗА СЛОБОДА НА МАКЕДОНИЈА, ТОЈ Е СИМБОЛ ШТО ГИ ПОВРЗУВА НАРОДИТЕ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА

0
485

Гоце Делчев е симбол на заедничката историја, кој и денес ги поврзува народите на Северна Македонија и Бугарија, објави на својот Фејсбук профил поранешниот бугарски премиер и актуелен лидер на партијата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), Бојко Борисов.

– Денес се навршуваат 151 година од раѓањето на големиот бугарски револуционер и македонски комита Гоце Делчев, кој го даде својот живот за ослободување и автономија на Македонија и Одринска Тракија. Гоце Делчев е симбол на заедничката историја што ги поврзува народите во Северна Македонија а Бугарија и денес, напиша Борисов.