„Фактот што продолжија разговорите со ДБ и ИТН е знак дека Борисов нема да оди на мандатот и можеби ќе се направи сериозен обид ова да се претвори во парламентарно мнозинство“, изјави политикологот за БНР.
Експертот додаде дека најверојатно ПП ќе учествува во формирањето влада, бидејќи „алтернативата е да бидат во опозиција со партии што не ги сакаат.
За состојбите во ПП-ДБ, Стефанов посочи дека постои класично сценарио на добриот и лошиот цајкан, но кога треба да се формира мнозинство „ПП ќе игра рационално“. Во оваа фаза, комуникацијата не е прекината, известува тој.
Љубомир Стефанов ги дефинираше преговорите за мнозинство со вториот и третиот мандат како нешто „премногу ризично и многу понеизвесно“.
„Јадрената опција е претседателот да не го потпише указот за избор на главен обвинител или да го одложи“, нагласи тој.
Според неговите зборови, „ако влеземе во уште една спирала на скандали, интересот за политика ќе падне на минус 0, како што е во Лапонија“, категоричен е Стефанов.Сценариото со радикален нов спасител се игра веќе 15 години. Ако се појави, ќе биде инспириран спасител од надворешни влијанија, истакна политикологот.Како заклучок, Стефанов повика „да престанеме да ги бркаме и броиме дивите зајаци и да го свртиме двогледот“, бидејќи „работите се тука, пред нас и сега“.