БОРИСЛАВОВА ЗА МИА : ПРВО СОБРАНИЕТО ЌЕ ГО РАЗГЛЕДА ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ ПА ЌЕ ЈА ЗАПОЗНАЕ ВЛАДАТА СО СОДРЖИНАТА, ТОГАШ ЌЕ ВИДИМЕ ДАЛИ СЕ ЗАШТИТЕНИ БУГАРСКИТЕ ИНТЕРЕСИ

0
631

Комисијата за надворешни работи на Народното собрание на Бугарија, согласно процедурата, денеска треба да го разгледа предлогот на француското претседателство со ЕУ за деблокирање на европскиот пат на Северна Македонија, по што бугарската Влада ќе се запознае со деталите за да се види дали со предложениот документ се заштитени бугарските интереси, изјави за МИА шефицата на Кабинетот на бугарскиот премиер Кирил Петков, Лена Бориславова.

Бориславова во кусата изјава нагласи и дека Бугарија ја поддржува европската перспектива на Република Северна Македонија и Албанија.

Коментирајќи ја најавата на поранешниот бугарски премиер и лидер на партијата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), Бојко Борисов дека 59-те пратеници на неговата партија ќе го поддржат „францускиот предлог“ на пленарна собраниска седница, Бориславова изјави дека ГЕРБ може да го поддржи предлогот во „пленарната сала на Народното собрание на Бугарија“.