,,БОМБИТЕ” НА ЗАЕВ СЕПАК ЌЕ РОКААТ ПО МЕДИУМИ : РИКНА ЗАКОНОТ НА ТАЛАТ И МУКОВСКИ, ТРАЈКО ГАСИ ПОЖАР, НА ГРУЈО МУ ТЕЧЕ НИЗ НОГАВИЦИ, ЗАЕВ ЗГРМИ СО ПРЕКИН НА ДОГОВОРОТ ОД ПРЖИНО!

0
418

Откако конечно било договорено ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да го повлечат на доработка скандалозниот закон за цензура на „бомбите“, претседателот Трајко Вељаноски одбил да го стори тоа, со образложение дека веќе го уфрлил во процедура, информира Плусинфо.

трако-талат

По ова, лидерот на СДСМ Зоран Заев повторно се заканил со прекин на преговорите и најавил дека ако законот остане, утре ќе ги објави сите „бомби“.
Збеснал и евроамбасадорот Аиво Орав, кој барал да се почитува договореното. Според информациите на Плусинфо, пронајдено е соломонско решение – законот ќе го повлечат самите предлагачи, Талат Џафери и Крсте Мукоски, пишува порталот.

Законот ќе се доработува во насока на она што, всушност, било договорено во Пржино – да нема нови „бомби“, односно сите сознанија да му се предадат на Специјалниот јавен обвинител.

До утре изутрина треба да падне конечниот договор и за изборната регулатива.