Љупчо Палевски – Палчо е лицето по кое се трага, а го поврзуваат со киднапирањето на Вања Ѓорчевска, дознава „Скопје1“. Тој во моментов е надвор од Македонија. Палчо имал контакти со останатите осомничени во групата, а тие го посочиле кога биле приведени. „Скопје1“ поседува и фотографии од останатите лица, кои во итнерес на истрагата нема да ги објави во овој момент.
Трите лица кои се уапсени се сеуште на распит, по што ќе бидат спроведени во Кривичен суд. Ќе се бара притвор. Неофицијално, приведени се и други лица чии поврзувања во моментов се проверуваат.
Целта на киднапирањето на Вања Ѓорчевска била изнуда, дознава „Скопје1“ од извори во истрагата. Вмешан бил и член на потесното семејство кој учствувал во изнудата, брифираат извори. Убиството било извршено со пукање од огнено оружје кон Вања.