БОМБА ОД МИТКО ЈАНЧЕВ: АЈДЕ ДА НАПРАВИМЕ АМНЕСТИЈА ЗА 27-МИ АПРИЛ, ЛУЃЕТО ВО ЕУФОРИЈА НАПРАВИЛЕ ГЛУПОСТ!!!

0
1307

ДВ: Како го разбравте повикот на премиерот за помирување и простување, кое треба да започне во паралaментот?

– Кажете ми, како го разбравте вие?  Јас го разбрав како повик за амнестија. И ајде  да ја направиме таа амнестија. Ајде да ги ослободиме луѓето, кои во таа еуфорија на 27-ми април, без намера или некаква организација, ненамерно направиле глупост. Таа работа треба да заврши во парламентот, со едногласно крената рака за амнестија на сите. Јас така би постапил.

ДВ: Што ќе значи таквиот потег за владеењето на правната држава?

– Правната држава допрва треба да почнеме да ја градиме. Бидејќи, таа не важеше ни кога се кршеше Деловникот во Собранието, не важеше ни кога се носеа некои закони… Да не се враќам наназад и да набројувам колку пати правната држава била компромитирана. Еве, да ставиме крај на тоа што било, и да почнеме да ја градиме.