БОМБА ОД БИХАЧКА: СДСМ ЌЕ СЕ ЧИСТИ ОД НЕРАБОТНИЦИ И КРИМИНАЛЦИ, НЕ САМО ШТО ЌЕ ИГРА МЕТЛА, ТУКУ И ЌЕ СЕ АПСАТ ВИДНИ ДИРЕКТОРИ И ГРАДОНАЧАЛНИЦИ ОД СДСМ!!!

0
252

Во сосема неповрзан разговор со раководството на СДСМ дознаваме дека во наредниот период ќе игра жестока метла – ќе се прави голема чистка во СДСМ, многу посилно од се што сме виделе досега.

Заев и првите соработници сакале да пресечат, да направат пресек на сработеното и да видат каде работите не одат како што треба а каде има и криминал.

– Сите директори на владини институции им рековме да сметаат дека се во оставка до правењето нова влада, потоа ќе правиме реизбор на сите, при што на сите ќе правиме потекло на имот да видиме дали за 3-4 години им пораснал капиталот и дали се задоволни граѓаните од институциите кои ги водат, дали направиле реформи, ќе направиме ревизија на работењето на секоја институција, кој не се покажал добро ќе добие отказ а кој крадел ќе иде во затвор! Ова важи и за градоначалниците, тие што не се покажале нема да добијат поддршка за втор мандат а тие што работеле криминално ќе одат во затвор! Оваа чистка досега партијата не можеше да ја направи затоа што прво беше предизвикот НАТО потоа дојде Корона кризата па избори, сега е време СДСМ да се очисти од лошите, неработниците и криминалците во нашите редови за на наредни избори да немаме толкава ниска излезност, целта ни е на следните избори да победиме со 500 000 гласови како што заслужува да победува една СДСМ! – велат од врвот на партијата.

– Ова сето ќе се работи паралелно со ветингот на судиите и обвинителите и таму ќе има голема реформа, ќе се чешла потекло на имот на сите судии, ќе се гледа кој судија застарил предмет и ќе лета од работа, ќе се убрза доаѓањето на правдата затоа што чувствуваме дека народот најмногу негодува баш на таа тема очекува од нас да го убрзаме процесот да го турнеме напред затоа што судиите и обвинителите се чувствуваат како заштитени од бесот на народот, како да се на пуст остров и прават се што им се може или што им се исплати, нема да може повеќе така! – децидни се од Бихачка.

– Целта ни е по крајот на вториот мандат како премиер, Заев да остави зад себе успешен и прочистен СДСМ со висок рејтинг кај народот кој ќе се прошетува на избори без проблем, во исто време да остави зад себе земја која е на прагот на влез во ЕУ, со просечна плата над 600е, со невработеност под 10%, со над 10 нови мега странски инвестиции вредни над 100 милиона евра секоја, земја без мафија, мафија на робија, мвр, судии и обвинители кои се борат против криминал брзо и ефикасно, добар социјален пакет за сиромашните и болните и пензионерите, едноставно земја во која вреди да се формира семејство и да не се размислува за иселување.