Friday, June 20, 2025
33.8 C
Skopje

БОМБА НА ФОКУС : СЕ СОБРАА СИТЕ ЕКС ЛИДЕРИ НА СДСМ СО ЦЕЛ ДА НАЈДАТ ПРВ ЧОВЕК НА ПАРТИЈАТА, БРАНКО НЕ ДОШОЛ

На состанокот со Димитар Ковачевски, според информации на „Фокус“, присуствувале Зоран Заев, Радмила Шекеринска, Владо Бучковски, но не и Бранко Црвенковски, кој своевремено го замрзна членството во партијата.

Претседателот на СДСМ во оставка, Димитар Ковачевски, одржал состанок со поранешните партиски лидери, на кој се разговарало за внатрепартиските процеси после поразот на партијата на двојните претседателски и парламентарни избори, дознава „Фокус“.

Според нашите информации, на состанокот со Ковачевски присуствувале Зоран Заев, Радмила Шекеринска, Владо Бучковски, но не и Бранко Црвенковски, кој, како што е познато, го замрзна членството во партијата после интервјуто на Заев за БГНЕС.

Еден од учесниците неофицијално ни ја потврди средбата, посочувајќи дека се водела конструктивна дискусија во насока дека треба ефикасно да се спроведат внатрепартиските постапки за избор за ново раководство во фер атмосфера, без фаворизирање на ниту еден потенцијален кандидат.

Заклучокот беше да не се повтори ситуацијата од последните внатрепартиски избори, кога тогашниот лидер имаше јасен фаворит кој на крајот беше и избран за претседател. Треба сите кандидати да имаат можност за фер натпревар – вели нашиот соговорник.

Според него, новиот лидер и новото раководство на СДСМ прво на локалните избори треба да се фокусираат на неколку скопски општини и на општините во внатрешноста каде има шанси за позитивен резултат, па главниот тест треба да дојде на следните парламентарни избори за 4 години.

СДСМ нема да може да може да издржи уште едно раслојување – вели тој, додавајќи дека на состанокот на поранешните партиски лидери не се разговарало за конкретни лица. Сепак, очекува во следниот период да се случи групирање на дел од имињата лиферувани во јавноста, а не се исклучува во игра за нов партиски лидер да влезе и некој анонимен лик.

Инаку, „Фокус“ пишуваше дека како можни кандидати за претседател на СДСМ циркулираат Стево Пендаровски, Оливер Спасовски, Венко Филипче, Петре Шилегов, Стефан Богоев, Јован Деспотовски, Игор Ивановски, Андреј Петров, Славјанка Петровска, Гордан Георгиев, Никола Поповски… Во меѓувреме, дел од нив официјално ги потврдија амбициите за кандидатура.

(АНАЛИЗА) СДСМ потона во егзистенцијална криза: Кој „јунак“ ќе ја преземе девастираната партија?

Влатко Стојановски

ОВАА НЕДЕЛА

МИТЕВА: НОВИ СОВРЕМЕНИ И ФУНКЦИОНАЛНИ ИНВЕСТИЦИИ ВО БОЛНИЦАТА ВО КОЧАНИ

„Почитувани граѓани, Почитувани медиуми, Благодарам за присуството. Денес сакам да информирам за...

МЗШВ ОБЈАВИ ЈВЕН ПОВИК ЗА ФИНАНССКА ПОДДРШКА ВО РИБАРСТВОТО И АКВАКУЛТУРАТА ЗА 2025 ГОДИНА

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сите...

ВИЦЕПРЕМИЕРОТ НИКОЛОСКИ НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ ОЧЕКУВА НАЈУБЕДЛИВА ПОБЕДА НА ВЛАДЕЈАЧКАТА ВМРО-ДПМНЕ

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски очекува најубедлива...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ