БОМБА НА ФОКУС : ОЈО НА БЕГАЛЕЦОТ ГРУЕВСКИ МУ ПРОНАЈДЕ УШТЕ ТРИ СТАНА, ЗНАЧИ ВКУПНО 7 СОСЕ ТИЕ НА МАМА НАДА

0
1372

Обвинителството за гонење на организиран криминал врши претрес во станот на поранешниот премиер, Никола Груевски, кој сега е во бегство, дознава „Фокус“, од доброупатени извори.

Според првичните информации претресите се поврзани со случајот познат во јавноста како „Плацеви на Водно“, во кој што освен Груевски, осомничени се и Ристо Новачевски, Сашо Мијалков, Орце Камчев, неговата мајка Ратка Камчева и Ненад Јосифовиќ.

Како што неодамна откри неделникот „Фокус“, освен плацевите на Водно во истрагата биле откриени и уште неколку стана на Груевски, два нови во зградата на „Бихачка“ каде живееше во стан дуплекс.

На бизнисменот Орце Камчев му беше одреден притвор како осомничен во овој случај, иако се гони и за „Импeрија“.

Овој предмет го отвори сега згаснатото СЈО, односно надлежен обвинител е Лиле Стефанова.

Извор : Фокус.Мк