БОМБА НА ФОКУС: ВМРО-ДПМНЕ СО ДЕКЛАРАЦИЈА ВО ЕП КАКО ГАРАНЦИЈА ЌЕ ГИ ВНЕСУВА БУГАРИТЕ ВО УСТАВОТ?

0
788

Според моменталната ситуација, владејачката СДСМ заедно со своите коалициони партнери, е далеку од обезбедување 80 пратеници кои би ги гласале уставните измени во Собранието. За постигнување на потребната бројка секако и се потребни шест до осум гласови од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму пак, цврство стојат на ставот дека тие нема да гласаат за внесување на Бугарите во Уставот, како што велат, не под сегашните услови.

Сепак, СДСМ е решена да го започне процесот за отворање на Уставот. Премиерот Димитар Ковачевски веќе најави формирање на тим, односно експертска работна група која ќе треба да ги подготви амандманите за промена на Уставот. Во нејзиниот состав ќе бидат вклучени правници и експерти по уставно право, а ќе бидат повикани и експерти од политичките партии, меѓу кои и од опозициските.

Од ВМРО-ДПМНЕ уште нестигната, веднаш ја одбија поканата за учество во оваа група. Велат дека нивните аргументи против уставните измени ќе ги кажат во Собранието, кога за тоа ќе дојде време.А, времето ќе дојде брзо, со оглед дека од СДСМ за „Фокус“ брифираат дека планот е амандманите да бидат изработени во наредниве неколку недели и веќе во мај, најдоцна јуни, тие да влезат во собраниска процедура.