БОМБА НА ФИЛИПЧЕ: Има лица од литијата во Струга со белодробен наод кој одговара на Ковид-19

0
1030

– Од ѓурѓовденската литија во Струга, која се одржа на 7 мај, има лица кои имаат белодробен наод кој одговара на Корона -19, соопшти министерот за здравство Венко Филипче во вечерашното интервју за телевизијата „24 Вести“.

-Колегите од рендгенолошкото одделение во болницата во Струга ни сигнализира дека има лица со белодробен наод, кој одговара на Ковид-19. Тоа се луѓе кои присуствувале на литијата. Тие се процесуирани и се следат. Имаме потврдени случаи по десетина, кои присуствувале на семејни настани. Некој од нив несвесен дека е носител на вирусот, или пак во почетна фаза на болеста, не се изолирал и ги заразил другите, информира министерот, кој рече дека им се познати новите кластери на Ковид-19.

Тој појасни дека новозаразените се луѓе кои не ги почитувале мерките и апелираше до институциите сериозно да санкционираат неправилности.

-Институциите мора да детектираат неправилностите и да ги санкционираат. Тоа е пакет мерки. Никој не може да дејствува индивидуалано. Сведоци сме дека има групирања, неносење маски и мора институциите сериозно да интервенираат, потенцира Филипче.

Министерот Филипче не мисли дека граѓаните се заложници на рестриктивните мерки на Владата, кои, како што вели, се прават за доброто на сите.

-Многу е битна високата свест. Станува збор за многу тешка и опасна болест. За жал, некои граѓани стануваат свесни дури откако нивен близок ќе се разболи или тие самите. Ние влегуваме во период кога цел свет постепено учи да живее со вирусот, а тоа мора да се прави со мерките за заштита. Мора да се носат маските, и да се почитува дистанца. Тоа е единствениот начин да се заштитиме и така ќе дадат придонес во оваа борба, рече Филипче.

Министерот информираше дека во тек се подготовки и за изведување на првата трансплантација на срце кај нас. Тој објасни дека станува збор за починат пациент и пациент кој чека на срцето.

-Доколку дозволи состојбата и има услови за операцијата, ќе се започне со интервенцијата на Клиниката за кардиологија со мешовит тим. Тоа е ризична интервенција и ризикот е голем и единствен спас за пациентот е оваа процедура. Кај пациентот донатор е констатирана мозочна смрт, но срцето е во добра состојба, рече Филипче.