Специјалното јавно обвинителство во моментов води 7 истражни постапки за 60 лица, а нивниот број е во континуиран пораст, соопшти денеска портпаролот на СЈО Ленче Риствоска на прес конференција.
Овие постапки се фокусирани на финансиски истраги за кои треба определен временски период за да може да се извлечат заклучоци. Целта како што рече Ристовска е да се покаже дека криминалот не се исплати и оние икои го прекршиле законот нема да одговараат само кривично, туку ќе има и материјална иказна, односно ќе им биде одземена материјалната корист. Ристовска потенцира дека СЈО работи неселективно според Уставот и законите, така што сите осомничени се еднакви пред законот.
Во врска со аболицијата од претседателот Иванов, Ристовска рече дека истражните и предистражните постапки продолжуваат и се надеваат дека претседателот Иванов ќе ги исполни условите за да се реализира правдата.
– Нашиот став е познат: да нема селективна правда и ограничување на правдата ниту затајување на вистината. Се уште ја очекуваме и информацијата од претседателот Иванов, за тоа од каде му се информациите за нашите тајни предистражни постапки, изјави Ристовска, истакнувајќи дека барањата за тоа се доставени – првата кон крајот на април и втората на почетокот на мај.
Ристовска додаде дека дел од аболицираните кои се осомничени во случаите што ги покрена СЈО побарале запирање на постапките, но Обвинителството продолжува со истрагата.
Повеќе за сето ова ќе прочитате на НОВА ТВ.