БОМБА НА СДСМ : Се покажа дека зад протестите во Трнодол не стојат граѓани, туку ВМРО-ДПМНЕ и Левица

0
1301

Коордираноста на настапите на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, покажа дека зад протестите во Трнодол не стојат граѓани, туку групи од овие две опозициски партии.

Блиски луѓе до ВМРО–ДПМНЕ имаа задача да направат хаос и да спречат одржување на јавна презентација и при тоа на кратко успееја да злоупотребат и други, совесни и чесни граѓани од Трнодол.

За разлика од претходно кога Деталните урбанистички планови се носеа насилно, тајно и нетранспарентно, денес како во Општина Карпош, така и во сите општини каде локалната власт ја предводи СДСМ постапките за носење на ДУП е јавна и транпарентна со вклученост на граѓаните.

Транспарентноста на процесот за носење на ДУП  ЈОЗ Блок 7, за потегот околу Трнодол, во ниту еден момент не беше доведена во прашање, но во организиран упад се случи насилство, агресија и вандализам, што е за секаква осуда.

Очигледна е намерата кој свесно сака да се креира криза во ситуација кога сите страни се согласни!

Градоначалникот Стефан Богоев имаше и средба со засегнатите граѓани, на која се постигна согласност за сите клучни барања, истите се имплементираа во новиот Предлог ДУП, а претставниците на граѓани се потпишаа на записникот од средбата.

Соочени со слабиот рејтинг и на ВМРО –ДПМНЕ и на Левица не им преостанува ништо друго освен да се обидуваат да креираат тензии и насилни сценарија, но граѓаните тоа нема да го дозволат.

Совесните и разумни граѓани знаат кому му одговараше да не се одржи јавна презентација и да не се дозане вистината.

Локалната самоуправа предводена од СДСМ и од градоначалникот Богоев ќе продолжат со отворениот процес, постојаната комуникација со сите страни, граѓани и медиуми.