БОМБА НА САШО КЛЕКОВСКИ: Јоханес Хајндл е личен пријател на врхушката на ВМРО ДПМНЕ!

0
1009

Аналитичарот Сашо Клековски пред неколку дена пушти една бомба која сега гледаме дека е чиста вистина.

Имено, Клековски на Телма кажа дека специјалниот пратеник на Меркел во Македонија, инаку амбасадор на Германија во Австрија, Јоханес Хајндл е личен познаник и пријател на врхушката на ДПМНЕ од годините кога ДПМНЕ уживаше голема подршна на Германците и европската десница.

Дека е тоа така се виде од односот на Хајндл кон политичките фактори во земјава. Додека тој отиде кај Груевски и бандитите од ДПМНЕ и се сретна со нив на нивен терен и со тоа им укажа чест и дипломатски ги крена на пиедестал, останатите политички фактори беа преслушани како ученичиња во некоја амбасада, најверојатно Германската со што Хајндл ги деградираше политички и дипломатски.

ali hajndl zaev-germanska-ambasada

(ФОТО ПЛУСИНФО)

Уште еднаш ВМРО ДПМНЕ ја користи картата ЕВРОПСКА ДЕСНИЦА, и уште еднаш политичката криза во Македонија треба да ја решава европската десница која е наклонета кон ВМРО ДПМНЕ. Досега Јоханес Хан не се покажа ефективен и на висината на задачата, да видиме што ќе направи Хајндл.

Воздржаноста на Хајндл, и намесо акција и решенија веднаш, тој засега само слуша и запишува, најавува дека работава ќе се движи многу споро и траљаво…

Извор : Мактел