Своевремено еден од најдобите десни бекови, Ренато Вугринец кој во меѓувреме доби и македонски пасош и играше за нашата селекција, реши јавно да проговори за проблемите.
Како што е познато, тој го доби Металург на суд и си ги бара заработените пари, но не може да си го наплати долгот.
„Дочекав правосилна одлука и ја блокирав сметката на Металург. Дознав дека тоа уште двајца екс играчи го направиле со кои заедно имаме да наплатиме 350.000 евра. Како функционира клубот сега не ни е јасно. Тотално правно лудило е ова. Многу сум лут, бесен и разочаран, како да го решам проблемот кој што го имам“, изјави Вугринец за „буревесник“.
Тој го носеше дресот на „металурзите“ во период од 2012 до 2015 година.