БОМБА НА ПОРТАЛОТ ФРОНТЛАЈН : Мицковски и ВМРО-ДПМНЕ фатени како ја КОДОШАТ Македонија кај сестринските ВМРОВСКИ партии за да не добиеме ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ!

0
3190

Нашите дипломатски извори со чудење констатираат комплетно отсуство на свест и чувство за националните интереси кај опозицијата. ВМРО-ДПМНЕ верува дека ако ѝ се стемни на државата, ќе профитира политички, обвинувајќи ги СДСМ и ДУИ за евентуалниот неуспех.

ФРОНТЛАЈН.МК дознава дека видни функционери на ВМРО-ДПМНЕ користејќи ги личните контакти во сестринските партии лобираат да се прифати позицијата на Франција, да се одложи одлуката за одредување датум за преговори за јуни 2020. Во нивните лобирања против сопствената земја ги критикувале реформите кои се спроведуваат во Македонија, искажувајќи аргументи и против реформите кои самите ги поддржаа и за кои гласаа во Парламентот, и оние кои ги кочеа.

Опозициските претставници се фокусирани на Грција и Италија кои се најгласни против разделувањето на Македонија и Албанија. Иако, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски уште пред неколку месеци јавно го обвинуваше Бујар Османи дека свесно работел Македонија и Албанија да одат во пакет пред Европскиот Совет, сега токму опозициските претставници тајно прават сѐ што е во нивна моќ пакетот да не биде раздвоен.

Дури и Никола Груевски вртел телефони за да убедува европски претставници од ЕПП давајќи гаранција дека Мицкоски ќе бил ревносен и дисциплиниран исполнувач на сите обврски кон Бугарија и Грција.

Нашите дипломатски извори со чудење констатираат комплетно отсуство на свест и чувство за националните интереси кај опозицијата.

ВМРО-ДПМНЕ верува дека ако ѝ се стемни на државата, ќе профитира политички, обвинувајќи го СДСМ за евентуалниот неуспех.

Нашите извори велат дека инволвираноста на опозицијата, контра напорите за добивање почеток на преговорите, уште повеќе ги мотивира нашите меѓународни сојузници да притискаат Макрон да се прекрши и да дозволи компромисна формулација со која Северна Македонија ќе биде наградена за, како што велат, храбрите и одважни жртви за враќање на стратешкиот колосек за интегрирање во НАТО и ЕУ. Европските дипломати сметаат дека не смее да им се даде погонско гориво на камелеоните во опозицијата кои јавно се крстат во ЕУ и НАТО, а тајно се колнат во Путин и неговите методи на владеење.

Извор : ФронтЛајн