БОМБА НА ОРДАНОВСКИ: БЛЕСАВИТЕ ИЗЈАВИ НА ОСМАНИ И ГРУБИ СЕ ПОКАЗАТЕЛ ДЕКА ДУИ Е ДО СМРТ УПЛАШЕНА ОД ТРИКОВИТЕ НА ЗАЕВ КОЈ ВО МИНАТОТО ПОКАЖА ДЕКА ИМА ЗНАЕЊЕ И ТАЛЕНТ ЛЕСНО ДА ПРЕЗЕМА ПРАТЕНИЦИ ОД ВМРО ДПМНЕ!

0
1271

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Три-четири дена по изборите, Бујар Османи и Артан Груби водат мртва трка за тоа кој ќе понуди повеќе причини ДУИ да заврши во опозиција. Арогантни, агресивни, во полн демагошки налет, често на раб од невоспитаност, тие со своите изјави и интервјуа делуваат како изгубени извидници во густа шума кои прават голема врева за да го победат стравот од реалната можност, наместо со зрела постизборна политика, Али Ахмети да го претворат во новиот лидер на македонската опозиција.

Како што им тргнало, наместо „сите патишта“ за новата влада да „водат во Мала Речица“ – Османи, дури, за грчки „Етнос“ тврди дека Ахмети ќе го добие мандатот да формира влада во Скопје – ќе излезе дека има едно патче по кое ќе стигнат до некаква „шупа“ во дворот на нивната партиска зграда во околината на центарот на Тетово.

Бидејќи, во политиката, кога ќе ги анулирате сите возможни варијанти, остануваат да се остварат „невозможните“. На тоа како да инсистира ДУИ.

Имено, возможните варијанти за создавање на новата влада се изброени: според ДУИ, за да има нова влада, или Мицкоски или Заев треба да прифатат премиерот да биде од редовите на ДУИ; третата можност е ДУИ да се повлече од својот ултиматум, па да види дали Мицкоски или Заев би ја правеле владата со нив. Математички, нема четврта опција што им стои на располагање на овие од Мала Речица.

Во таа комбинаторика, останува да се види кој ќе се посрамоти толку многу за да ја заврши својата политичка кариера: Мицкоски или Заев со прифаќање на ултиматумот на Ахмети, или Ахмети со извинување, а потоа и повлекување од својот ултиматум. Според Османи и Груби, или Заев или Мицкоски – а никако Ахмети! – ќе бидат тие кои ќе се посрамотат.

ЦЕЛАТА КОЛУМНА НА ЦИВИЛ МЕДИА!