БОМБА НА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ : Во моментов се градат и реконструираат 96 патишта, само во овој регион инвестираме 50 милиони евра во инфраструктурата

0
490
Ветивме дека државата ќе ја направиме градилиште, со цел да ја унапредиме инфраструктурата за да ја развиеме економијата и тоа и го правиме истакна потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски на трибината „На прав пат“ во Крива Паланка.
– Денес на две и пол години од мандатот сакам да ве информирам дека денес се градат или реконструираат 96 регионанлани и магистрални патишта. Градиме нови експресни патишта и целосна инфраструкура во овој регион Куманово, Кратово и Крива Паланка, инфраструктурата ја реконструираме после 50 години. Вкупната инвестиција во овој регион изнесува 50 милиони евра, посочи потпретседателот Спасовски.