БОМБА НА НИКОЛОВСКИ: Фирма блиска до сопругот на Шахпаска повлечена од листата за владини субвенции

0
1908

Фирма блиска до сопругот на министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска била повлечена од список за добивање субвенции на вчерашната владина седница. Ова вечерва за ТВ21 го потврди вицепремиерот за борба против кпрупција Љупчо Николовски.

– Владата одлучуваше за доделување на финансиска поддршка. Апсолутно во тој правец и министерката Шахпаска, сама реагираше, и јас реагирав како вицепремиер, за да имаме кристално чиста и јасна состојба. Иако многу апликантни ги поминаа сите фази, не е етички и не е морално во овој случај – рече Николовски.

ТВ21 претходно објави дека кога министерката го забележала нејзиното презиме, веднаш реагирала. На ова се приклучил и вицепремиерот за борба против корупцијата. Компанијата била одобрена за да добие субвенции и да и бидат исплатени средства како помош во справувањето со коронавирусот.