БОМБА НА НИКОЛОВСКИ НА КАНАЛ 5 : Ќе се борам против протекции и врски

0
409

Многу навики кај нас се вкоренети, се мора да се заврши со протекции и со врски и баш против тие протекции и врски ќе се борам, рече вицепремиерот за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, во емисијата „Само интервју“ на Канал5.

Тој додаде дека граѓаните се научени дека така можат полесно да завршат работа, затоа треба да го промениме системот и граѓаните да веруваат дека преку системски начин ќе го остварат она што го бараат, а истовремено ќе се скратат трошоците.

Од многу места може да се скрати, во оваа држава имало и ќе има пари но важно е како ќе ги насочиме во интерес на граѓаните, како граѓаните да не се шетаат по ходници, како брзо и ефикасно да ги остварат своите права и да не се демотивираат и да бараат алтернативни решенија со протекции и врски, рече Николовски.