Во рамките на истрагата за трагедијата во дискотеката ,,Пулс” во Кочани Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција издаде наредба да се приведат неколку полициски службеници, неофицијално дознава редакцијата Народен Глас.
Според нашите информации приведени се Т.Д (началник на крим полиција), Д.П (сменоводител ноќта кога се случи несреќата), М.М (началник на ОВР Кочани), К.Ј (началник на економски криминал при ПС Кочани), како и М.Р (полицаец кој бил на смена вечерта на несреќата).
Според извори на ОЈО приведени се и други лица, за што очекуваме повеќе информации во текот на ноќта или во текот на утрешниот ден.