КОД беше во Јегуновце, во потрага по информации за сопственикот на Југохром, комбинат кој веќе 8 години е затворен, а лани излезе од уште еден стечај со ветување дека ќе вгради филтри на оџаците за да спречи загадување и ќе изгради соларна централа со кпацитет за 30 мегавати струја- годишно производство.
Официјално, сопственик на Југохром е фирма од Британските Девствени Острови со седиште на адреса на фирми на познати фудбалски суперѕвезди. Неофицицајлно е дека станува збор за истиот газда, Русинот Максим Москалев кој само ја префрли сопственоста. Од Југохром негираат дека има руска врска во нивното сопствеништво.
Во КОД вечерва и за карипските инвеститори во Македонија и дали државата има процедура да спречи влегување на корозивен капитал кој наместо профит има за цел криминал и политичко влијание. КОД е во редовниот термин, по вечерните вести на Телма.
Името на сопственикот не нуди многу докази дека тој има многу пари, а КОД открива дека фирмата која сега го поседува Југохром има адреса на карибските острови, на иста локација и во иста канцеларија како на една од најголемите фудбалски звезди на светот, изјави Снежана Лупевска.
Кога пред 7 години Кристијано Роналдо тогаш на Реал Мадриг сега на арапскиот клуб Ал Насер пристигна во Скопје го пречекаа стотици фанови на шпанскиот гигант. Но тоа не е единствената врска на Роналдо со Македонија. Тогаш веќе беше познато дека Роналдо и познатиот тренер Жозе Мурињо имале сомнителни фирми на британтските девствени острови а документите биле откриени преку фудбал Х, објавување на документите од даночните раеви.
Извор : КОД