БОМБА НА ЛИБЕРТАС: Го уловија паторот како сурфа во лобито на хотелот за милионери, Фор Сизонс во Будимпешта

0
1309

Читатели на Либертас ни испратија фотографија која ја направиле во лобито на луксузниот хотел „Four Seasons“ кој се наоѓа во центарот на Будимпешта.

На фотографијата може да се види екс-премиерот а сегашен бегалец од правдата во Македонија и азилант во Унгарија, Никола Груевски, како сурфа на интернет. Нашите читатели велат дека тој долго време не го симнувал погледот од телефонот.

Никола Груевски избега од Македонија и на 13 ноември преку објава на својата Фејсбук страница кажа дека е во Будимпешта каде побарал азил, кој набргу и го доби. Тој се бара со меѓународна потерница поради издржување затворска казна во Македонија.