БОМБА НА КУМАНОВАЦ ОД ДЕНЕШНИОТ ОТЧЕТ ПО ПОВОД 100 ДЕНА РАБОТА НА ЧЕЛО НА МВР – Спасовски: Полицијата ќе врши увид во викенд куќите и ќе казнува доколку има групирања

0
525

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на денешната прес-конференција упати порака до издавачите на викенд куќи – да не ги издаваат своите објекти за новогодишната ноќ, затоа што ќе следат санкции.

„Овие мерки никој не ги посакува, но се неизбежни во овој период. Треба самите да си помогнеме. Нема забрана за издавање на викенд куќи за семејства. Но кривично дело е издавање викендици на групи на луѓе. Превентивно реагираме на издавачите на викенд куќите. Ќе има засилени контроли. За полицијата ќе има многу работа, но здравјето на граѓаните е врвен приоритет и ќе се прави увид и во викендиците и ќе следуваат казни. Сериозна одговорност е издавањето на вилите“, истакна Спасовски.