БОМБА НА КОСТАДИНОВ: Мицкоски излажа дека докторирал во Италија и дека магистрирал во Германија

0
1171

Лажењето го наследил од неговиот шеф Груевски. Колку лаже Мицкоски е доказ и средбата со Борисов каде што, практично го излажа на Борисов ама буквално се што кажа, напиша на Фејсбук портпаролот на СДСМ Коста Костадинов.

– Ова е една од многуте лаги. Мицкоски го лажеше Борисов дека докторирал во Италија, магистрирал во Германија … Заборавил дека постои веб платформа на машинскиот факултет, каде јасно се гледа дека Мицкоски дипломирал, магистрирал и докторирал на машинскиот факултет во Скопје.

Лагите на Мицкоски немаат крај, но сите од прва до последна ќе ги извадам на површина, напиша Костадинов.