БОМБА НА КООРДИНАТОРОТ НА ПРАТЕНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ, ЈОВАН МИТРЕСКИ ВО СОБРАНИЕ : ПОВЕЖЕТО ПРАТЕНИЦИ ОД ВМРО-ДПМНЕ ШТО ИЗЛЕГОА ОД СОБРАНИСКА САЛА ПОБРЗАА ДА МУ СЕ ИЗВИНАТ НА ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ЗА ТОА ШТО МУ ГО ПРАВИТЕ

0
966

Знам дека повеќето пратеници од опозицијата што излегоа од салата побрзаа да му се извинат на Филипче за тоа што му го правите, рече координаторот на СДСМ откако ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека денеска нема да учествува во работата на парламентот.

Ова што го правите не е хумано. Ја користите тагата на сите граѓани за ситни политички поени, им забележа координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митреск,и на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, кои ја напуштија денешната собраниска седница, поради тоа што не беа ставени како точки на дневен ред нивните предлог-одлуки за разрешување на министерот за здравство Венко Филипче и на неговиот заменик Илир Хасани, ниту пак Владата ги достави нивните оставки.

„Знам дека повеќето пратеници од опозицијата што излегоа од салата побрзаа да му се извинат на Венко Филипче за тоа што му го правите, затоа што сите знаете дека тој излегуваше во пресрет на сите барања на граѓаните и државата“, истакна Митрески, додавајќи дека опозицијата не дочека органите да ја завршат истрагата.