БОМБА НА КАНАЛ 5 : МВР УАПСИ ПОЛИЦАЕЦ ЗА БАРАЊЕ МИТО

0
711

Инспектори од криминалистиочката полиција на МВР вечерва во Куманово приведоа полицаец од Скопје, кој барал пари од кумановска фирма лажно ветувајќи дека ќе сопре наводна истрага за фирмата, повикувајќи се на блискост со високи полициски функционери.

Полицаецот, според сознанијата на Канал 5, побарал 6000 евра за услугата, но на крајот се договориле за 2000 евра. Во меѓувреме, сопственикот на фирмата го пријавил случајот во полиција, од каде му биле дадени обележани пари, кои тој вечерва му ги дал на полицаецот-изнудувач.

Во тој момент инспекторите од крим полиција му ставиле лисици на полицаецот-изнудувач.

Извор : Канал 5