ЗОРАН МОМИРОСКИ : ПРОТИВ ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ПРИЛЕП ИЛИЈА ЈОВАНОСКИ ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ПО СКРАТЕНА ПОСТАПКА ОФОРМИЛО ПРЕДМЕТ ЗА НЕСОВЕСНО РАБОТЕЊЕ И НАПРАВЕНА ШТЕТА ОД 10 МИЛИОНИ ДЕНАРИ

0
1396
  • ЕДЕН МОЈ БЛИЗОК МИ ВЕЛИ: ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ИЛИЈА ЈОВАНОСКИ – МУЦЕТО, МЕНТОРОТ НА СЕГАШНИОВ БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ,  МНОГУ ТИ Е ЛУТ. СИ ПИШУВАЛ ПРОТИВ НЕГО, ДУРИ СО ЗАКАНУВАЧКИ ГЛАС МИ ПРАТИЛ ПОРАКА ДА НЕ „ЈАДАМ МНОГУ ГО..А !!!“ ДОБРО, ТАКА МИСЛИ МУЦЕТО – ТАКА ВЕЛИ. ЈАС НИТУ СЕ ЛУТАМ, НИТУ ТАКА РЕАГИРАМ.АМА СЕГА САКАМ ЈАВНО ДА ПРАШАМ: АЈДЕ ШТО ПИШУВАМ, ЕТЕ ЈАС СИ ПИШУВАМ, ОСТАВАМ НАРОДОТ НЕКА СУДИ. АМА ЕВЕ – ДОЈДЕ РЕД ЗА ЈОВАНОСКИ ДА ПИШУВА И ОБВИНИТЕЛСТВОТО. ПА ПРАШУВАМ: СЕГА И ТОА Е СУБЈЕКТИВНО И ЈАДИ ГО..А?! ОД ТАМУ ТИЕ ВЕЛАТ ДЕКА ПО ПОДНЕСЕНА ПРИЈАВА ОД ЕДНА ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА – ПО СКРАТЕНА ПОСТАПКА ОФОРМЕН Е ОБВИНИТЕЛЕН ПРЕДЛОГ ЗА НЕСОВЕСНО РАБОТЕЊЕ.СТАНУВА ЗБОР ЗА ЦЕЛОСНО УНИШТЕН НОВО ИЗГРАДЕН ОБЈЕКТ- УЧИЛИШТЕ „СТОЧЕН ПАЗАР“, ЧИЈА ВРЕДНОСТ  Е 10 МИЛИОНИ ДЕНАРИ. ТОА СЕ НАРОДНИ-БУЏЕТСКИ СРЕДСТВА ВО ОВОЈ ОБЈЕКТ, КОЈ Е ИЗГРАДЕН КАКО ПОТРЕБА И БАРАЊЕ НА ЖИТЕЛИТЕ ОД ОВАА НАСЕЛБА, А БЕШЕ  ДЕЛ ОД ПРЕДИЗБОРНОТО ВЕТУВАЊЕ НА ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МАРЈАН РИСТЕСКИ. ВО УЧИЛИШТЕТО  ТРЕБАШЕ ДА УЧАТ 170 ДЕЦА ОД НАСЕЛБАТА И ТОА ДО ПЕТТО ОДДЕЛЕНИЕ. НО, КАКО СОВЕСЕН И ОДГОВОРЕН ПРЕД СЕ’ ДОКТОР, А ПОТОА И КАКО ГРАДОНАЧАЛНИК, ЈОВАНОСКИ УБЕДУВАШЕ И УВЕРУВАШЕ ДЕКА ЛОКАЦИЈАТА НА ОБЈЕКТОТ НЕ Е СООДВЕТНА ЗА ЗДРАВЈЕТО НА ДЕЦАТА.НО, ТОА СИГУРНО НА НИКОЈ НЕ МУ ДАВА ЗА ПРАВО ЕДЕН ВАКОВ ОБЈЕКТ ДА ГО ПРЕПУШТИ САМ НА СЕБЕ. КОЛКУ СЕ СЕЌАВАМ, ДУРИ И ЖИТЕЛИТЕ ОД ОВАА НАСЕЛБА БАРАА ЗГРАДАТА ДА НЕ СЕ ПУСТОШИ И РУИНИРА, ТУКУ ДА МУ СЕ ПРЕПУШТИ НА КОРИСТЕЊЕ КАКО ДОМ, ВО КОЈ ЌЕ СЕ СОБИРААТ И ЌЕ ИМААТ СООДВЕТНИ МЕСНИ АКТИВНОСТИ. НО, СО ТОА И ЌЕ СЕ ГРИЖАТ ЗА ЗГРАДАТА. ЗОШТО НЕ СЕ ПРЕЗЕДОА СООДВЕТНИ МЕРКИ – НЕЗНАМ! ЗОШТО НЕ СЕ НАПРАВИ ПРИСТАПЕН ПАТ ДО УЧИЛИШТЕТО – И ТОА НЕЗНАМ! АМА ЗНАМ ДЕКА ТОА БЕШЕ ИЗГРАДЕНО НАМЕНСКИ, А НЕ ДА БИДЕ УНИШТЕНО.ПАТЕМ, ДА ПОТСЕТАМ: НИКОМУ НЕ МУ ПОМИСЛУВАМ И НЕ МУ ПОСАКУВАМ, АМА КОЛКУ ШТО ЗНАМ, НА ЈОВАНОСКИ МУ „ВИСИ“ УШТЕ ЕДНА КВАЛИТЕТНО НАПИШАНА КРИВИЧНА ПРИЈАВА ОД ПОЛИЦИЈАТА ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛУЖБЕНАТА ПОЛОЖБА КАКО В.Д. ДИРЕКТОР НА ПРИЛЕПСКАТА БОЛНИЦА ПРЕД ДА БИДЕ ИЗБРАН ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК. ДА ПРАШАМ: И ТИЕ ШТО ГИ ПИШУВААТ ПРИЈАВИВЕ ЈАДАТ КАКО МЕНЕ ГО..А!!!

Зоран Момироски за Радио Пела