БОМБА НА ЗАЕВ: СО ТОА ШТО МИЈАЛКОВ ИЗВАДИ 11 МИЛИОНА ЕВРА ГАРАНЦИЈА СЕ ДОКАЖА ДЕКА СМЕ БИЛЕ ВО ПРАВО ДЕКА СЕ ЛОПОВИ КОИ ЈА ОПЉАЧКАА ЗЕМЈАТА!

0
607

„Прочитав во медиумите дека е дадена толкава гаранција, иако не сум сигурен колку е точен износот и каков се имот е предложен. Што да кажам? Welcome to the club! Се покажува она што го тврдевме како опозиција дека милиони од државата се украдени на нелегален начин.“- изјавува премиерот Зоран Заев, во интервју за Фокус, кога зборува за 11-те милиони евра кои Мијалков ги понуди како гаранција во судот за да излезе од притвор.

„Најголемиот криминал со двојните идентитети и лажните пасоши се случувал во третиот ешалон без знаење на врвот на поранешната власт, како и на сегашната власт. Зошто? Затоа што обрасците за пасоши се набавуваат и се оставаат на администрацијата. Некогаш тоа е со знаење на шефовите на највисоко ниво, некогаш самите служби го прават тоа. Ако има доказ кој води до некој повисок функционер, тоа ќе се докаже во истрагата. Нема бегање“ изјави премиерот Зоран Заев во интервју за „Фокус“.

Тој додаде дека институциите знаат кои се лажните пасоши и убеди дека веќе не може да излезе ниту еден пасош од таков вид, кој може да ја загрози визната либерализација на земјата.

„Врвот на МВР бил навремено информиран. Истрагата траела со месеци и денес имаме сублимат на случајот, осудени лица со признание дека кривично го злоупотребиле законот“ рече Заев.

Премиерот во интервјуто за „Фокус“ уште еднаш ги негираше гласините дека се сретнал со турскиот нарко-бос Седат Пекер.

„Запознат сум дека бил тука, читав по медиуми, но токму министер од Владата на Заев го протера од државата, заради одредени причини“, објасни Заев.