БОМБА НА ЗАЕВ: Проверката на имотот на судиите и обвинителите да почне веднаш

0
270

Да  расчистиме со последниот бастион на заробената држава –  проверката на имотот на судиите и обвинителите да почне веднаш- порача лидерот на СДСМ Зоран Заев на денешната последна трибина од караванот „На прав пат“. Ги повика Антикорупциска, УЈП, Финансиската полиција, Централниот регистар, МВР одма да почнат со проверките на имотот, капиталот, парите на судиите и обвинителите и нивните семејства.

  • И Судскиот Совет да ја провери работатта на судиите и целосно да ја провери професионалнота и ажурноста на работите на судиите. Да ни кажат кој тоа влијае врз судиите. Кој тоа ги држи предметите во фиоки. Да ни каже зошто неколку десетици предмети се чувале завршени и останале во фиокитеа на бившиот претседател на Врховнот суд “- рече Заев.

Пред членството ги презентираше и трите правила со кои треба да настапат во борбата за гласови. Да потсетуваат за успесите, особено во економијата, социјалата и интеграциите, но и да ги потсетуваат потенцијалните гласачи на злоделата на режимот на ВМРО-ДПМНЕ, но и да ветат дека после победата ќе ги исправат и грешките. Заев ги наброја и сите успеси на владата во економијата – растот на БДП, на минималната плата, пензиите, странските инвестии, вработувањата.

Потпретседателката на СДСМ, Шеќеринска пак ја обвини ВМРО дека го кочи патот на земјава кон НАТО Алијансата, бидејќи го кочи Законот за одбрана во Собранието.

  • И велат дека нема да го гласат законот за одбрана кој е услов за нашето членство замислете само заради тоа што го содржел нашето уставно име. А тоа е истото име кое стои и во протоколот и не им смета. Тоа е истоото име кое стои и во нивните решенија за плата кога пратениците ја земаат платата, ама таму не им смета. Не им пречи и кога во ЕПП пред партијата им стои пред партијата, рече Шеќеринска.

Шилегов пак рече дека работи на системско решавање на проблемите и наброја што се сработил за 2 години. Рече дека презеле 28 мерки кои видливо го намалиле аерозагадувањето. Најави 33 автобуси на гас низ скопските улици од  февруари наредната година, како и почеток на изградбата на Универзалната сала по Нова Година.

  • Ова се само статистики за кои што вообичаено не знамеме доволно добро да се пофалиме. Луѓето многу често ми велат многу  работиш не ни чини пиарот, не се фалиш. Еве ги прочитавме за само две години. Да не ги споменувам булеварите 4 кои што се градат во овој  момент. Никогаш во Скопје од 1963 година наваму не се граделе 4 булевари паралелно. Ама ние не се фалиме – рече Шилегов.

СДСМ од трибината порача дека ќе победат не претстојните избори, зошто се друго е враќање назад – режим никогагаш повеќе – порача Заев.  Ова беше последната од серијата трибини од караванот „На прав пат“ на СДСМ . Во јануари ќе ја објават изборната програма, со која партијата ќе ја бара поддршката од граѓаните на предвремените избори закажани за април идната година.

ИЗВОР: ТЕЛМА