БОМБА НА ЗАЕВ: ПРЕД ДА СТАНАМ ПРЕМИЕР, КАПИТАЛОТ НА ЗАЕВИ БЕШЕ 10 МИЛИОНА ЕВРА, СЕГА Е 8,5, ПРОПАДНАА ЗОВИ МАРКЕТИТЕ НА ПРИМЕР

0
459

– Се работи за над 10 фирми кои постојат 30 години, капитал кој е граден со напорна работа, тоа се фирми на татко ми и неговите 3 браќа, во нив работиме сите ние што сме синови и снаи во пошироката фамилија. Многу даноци плаќаме, многу помагаме на сиромашните, многу луѓе вработуваме, но капиталот се намали од 10 на 8,5 милиони евра овие години, пропаднаа Зови Маркетите, Корона кризата влијае на откупот на зеленчукот кој е главен наш продукт, но тука се движи капиталот овие 10 години, меѓу 8 и 10 милиони евра и многу сум горд на овие фирми, тие ми се резерва ако не успеам во политиката, не се борам за живот или смрт да победам на ибори по секоја цена затоа што не доаѓам од улица, ако народот ме прати во пензија, мирно ќе си заминам и ќе си работам во фирмите.

Зоран Заев на Алсат М.