БОМБА НА ЗАЕВ НА 1 ТВ: Ич не се секирам за мрчењето на германската комора и стопанската комора кои плачат за покачените даноци, јас мислам на сиромашните кои оваа година ќе добијат 35 милиони евра во вид на социјална пензија, детски додадок и покачена социјална помош!

0
855

– Германската и стопанската комора мрчат за покачените даноци, но ние сме левичарска влада и тие 20-тина милиони евра што ќе дојдат од овие даноци ќе ги дадеме на сиромашните и затоа оваа година имаме предвидено 35 милиона евра за 70 000 деца кои ќе земаат детски додаток, десетина илјади кои ќе почнат да земаат социјална пензија, покачувањето на социјалната помош за десетици илјади приматели на социјална помош итн итн, значи џабе сите успеси како земја ако имаме луѓе кои питаат за парче леб на улиците, се е џабе, затоа јас мислам на сиромашните, они немаат телевизии, пресови, колумни, немаат глас затоа што се некаде скриени во некоја шупа но јас и ние во СДСМ мислиме на нив и работиме за нив и нема тука кај нас мрдање од таа левичарска филозофија!

Премиерот Заев на 1 ТВ.