Бомба на Заев: Над 750 кривични пријави се поднесени против поранешни функционери

0
1466

На трибината со граѓаните во Прилеп, на прашање на граѓанин до каде е ситуацијата со одговорноста на функционерите од предходната власт, премиерот Заев одговори дека по неговите сознанија досега имало некаде 750 кривични пријави против функционери од предходната, но и од сегашната власт. За дел од овие пријави имало и судски разрешници со парични и затворски казни.

Премиерот Заев рече и дека тој посакува овие работи да одат побргу меѓутоа се одлучиле да формираат извршна власт која ќе стои надвор од правосудниот систем, но и порача дека судиите мора да си ја вршат доследно и одговорно работата.