БОМБА НА ЗАЕВ: Меѓу три и шест пратеници од опозицијата ќе се приклучат на мнозинството во следниот период

0
3549

“Јас мислам дека како целосна опозиција немаат 58 пратеници. Тоа ќе се види на гласањето на интерпелацијата за Никола Димитров. Мислам дека не се толку, туку дека се помалку.” – посочи вечерва премиерот Заев во “Само вистина” на Канал 5 телевизија.

“Разговорите кои што се прават за привлекување на нови пратеници или политички партии се на основа на проекти. Јас верувам дека во наредниот период меѓу три и шест пратеници ќе се приклучат на парламентарното мнозинство, затоа што имаме заеднички визии, заеднички проекти.” – подвлече Заев.