БОМБА НА ЗАЕВ: ВО ШТИП ЌЕ ГРАДИМЕ 350 МЕГАВАТИ ФОТО НАПОНСКА ЦЕНТРАЛА НАЈГОЛЕМА НА БАЛКАНОТ ВРЕДНА 200 МИЛИОНИ ЕВРА

0
801

Следно е големата надеж на енергетскиот сектор на Северна Македонија, а тоа е сопствена инвестиција која до крај ќе одлучиме дали е 100% наша инвестиција сопствена или ќе одиме со јавно приватно партнерство, но впечатокот е да одиме со сопствена инвестиција да остане 100% сопственост на државата. Станува збор за локацијата на порано предвидениот аеродром во Штип од 477 хектари комплетно државна сопственост во близина на големите трафостаници и далноводи, идеална локација на која што планираме меѓу 300 и 350 мегавати фотонапонска електрана, веројатно една од најголемите или ако не најголема на Балканот.

Самата инвестиција е 200 милиони евра, веруваме дека ќе најдеме начин на финансирање, без тоа да влијае на било кој начин на државниот долг. 350 мегавати се двата блока во РЕК Битола, едниот блок во РЕК Битола работи на 175 мегавати, нормално овде фотонапонските централни не работат 24часа, работат додека има светлина.

Премиерот Заев на пресот во медиа центарот по повод новите инвестиции кои ќе следат во иднина.