БОМБА НА ЗАЕВ ВО ИНТЕРВЈУ: ЕУ МЕ ИЗЛАЖА ЗА ВАКЦИНИТЕ, ЈАС ИМ ВЕРУВАВ ДОЛГО ВРЕМЕ И НАРОДОТ БЕШЕ БЕСЕН НА МЕНЕ ЗАТОА ШТО ИСПАДНА ДЕКА ЈАС ГИ ИЗЛАЖАВ ГРАЃАНИТЕ!

0
862

Во интервју за ,,Политико” oколу вакцините Заев вели дека неговата влада платила политичка цена за доверба во солидарноста од ЕУ.

„Вакцините доцна дојдоа. Чекавме толку долг период и луѓето бараа одговорност од мене. Беше навистина непријатна атмосфера“, вели Зоран Заев во разговорот за „Политико“.

Владата на Заев инсистираше со месеци дека ќе се држи до вакцините одобрени од Европската агенција за лекови на ЕУ. Но, на крајот се одлучи да набави вакцини од Кина, а доби и донации од Србија.

И покрај сите неуспеси, Заев нагласува дека е оптимист оти ЕУ може брзо да ги врати изгубените терени – ако наскоро ги започне разговорите за членство.