БОМБА НА ДИМИТРОВ: ГРЦИЈА НИ СЕ НАЛУТИ ЗА ТАБЛАТА, МИЗРАХИ ТРЕБА ДА БИДЕ РАЗРЕШЕНА И КРИВИЧНО ДА ОДГОВАРА!!!

0
560

Македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, преку прес конференција денеска реагираше за отстранувањето на таблата со новото уставно име на државата од министерството за труд и социјална политика и нејзина замена со претходната, на која стои „Република Македонија“.

Поповски рече дека таквиот чекор, преземен по налог на техничката министерка Рашела Мизрахи веќе предизвикал реакции и протестна нота од амбасадата на Грција.

„Амбасадата го посочува фактот дека договорот од Преспа, кој е стожер на односите меѓу Северна Македонија и Грција и којшто го овозможува влезот на Северна Македонија во НАТО и нејзината силна кандидатура за отворање на преговорите за пристапување кон ЕУ со полна и активна поддршка од Грција, мора да биде доследно и постојано почитуван“, наведе Димитров.

Министерот апелираше министерката Мизрахи да ја врати новата табла, во спротивно испрати сугестија до техничкиот премиер Спасовски, да предложи нејзино разрешување.

„Доколку веднаш своето делување не го врати во линија и во рамките Уставот, му сугерирам на претседателот на владата, г. Оливер Спасовски, да предложи нејзино разрешување до Собранието“, рече Димитров.

На новинарско прашање – дали и тоа што во Грција на патиштата не се сменети таблите со новото уставно име на државава е кршење на договорот од другата страна, Димитров го даде следниов одговор:

„Примената на договорот секогаш може да оди побрзо и потемелно, но има чекори кои се премногу видливи. Ние исто така реагираме во делот на примената и почитувањето на обврските на другата страна, Грција исто така редовно реагира на почитувањето на обврските на нашата страна, меѓутоа во овој период, кога сме повторно пред историска шанса, конечно да ги почнеме пристапните преговори…би рекол…., дури и да го тргнеме на страна договорот од Преспа, наш интерес е, независно дали има или нема реакција од Грција, да го почитуваме сопствениот Устав“, рече Димитров.