БОМБА НА ДАНЕЛА АРСОВСКА : ПРИВАТНИЦИТЕ НАПЛАТИЛЕ 160 МИЛИОНИ ДЕНАРИ, НЕМААТ ФИСКАЛНИ КАСИ, НЕМААТ ХИГИЕНСКИ УСЛОВИ И СЕ СТАРИ ПО НЕКОЛКУ ДЕЦЕНИИ

0
523

Би сакала да се осврнам и на она коешто беше актуелно за време на викендот и во текот на денешниот ден, а што се однесува на состојбата со приватните превозници Слобода превоз и Макепрес, рече денеска на прес-конференција градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, која истакна дека ЈСП нема долгови кои не се исплатени согласно договорот со приватните превозници.

Според неа неможноста да ги исполнат барањата на Град Скопје се една о причините приватните превозници да прекинат со работа и да најават протести.

– Од 01.06. 2021 до овој момент исплатени се 111 милиони од вкупно фактурирани 120 милиони денари за Слобода превоз, тоа го докажува и финансиската документација од ЈСП.. Што се однесува до Макепрес за истиот период има фактурирано 44 милиони денари и сите се платени, затоа ги повикувам претставниците на Слобода превоз и Макекспрес да ги префрлат протестите пред седиштата на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ чиишто директори го генерирале долгот кој сега сакаат да го претстават како неуспех на градското раководство, а исто така и на новото раководство на ЈСП кое ги решева проблемите и долговите генерирани изминатите години.

Морам исто така да истакнам дека ми е многу жал што гледаме дека се политизираат ситуациите и состојбите во повеќе ЈП и тоа се на штета на граѓаните. Она коешто сакам да го демонстрирам е дека не само што нема проблеми, и она коешто успеавме да го видиме , кое се обидуваа да го направат со прекинувањето на јавниот превоз во ЈСП минатиот месец на неколку часа е истото што случува и сега со приватните превозници. Нема долг за плати како што нема ова ракводство на ЈСП изгенерирано долг по основ на она што го имаат како обврска кон граѓаните. ЈСП пред се извршува дејност од јавен интрес, а приватните бизниси потребно е да најдат начин како да си го прилагодат работењето согласно нивните договори.

Со догворот за соработка со ЈСП кој го имат овие приватни превозници имаат обврски да ја фискализираат наплатата на билети, обврска за која што денеска апелирам до УЈП да излезат на терен и да констатираат дали истото се исполнува, затоа што од граѓаните континуирано добиваме информации дека не добиваат фискални сметки. Имаат обврска навремено да пристигнуваат на станиците и да одржуваат соодветно ниво на хигиена во автобусите. Ниту еден од овие услови не ги почитуваат согласно поплаките кои ги добиваме редовно од граѓаните.

Приватните превозници имаат склучено договор со ЈСП на две години, за разлика од претходните повеќегодишни договори, и тоа единствено со причина што во моментот кога го склучивме овој договор на две години апелиравме и им истакнавме дека ќе имаат обврска да ги усогласат еколошките стандарди за Скопје да не биде континуирано загадено од емисија на штетни гасови… Сметам дека ова кое што сега се обидува да се исполитизира има и тоа што не верувам дека преземаат никакви мерки, да се усогласат на еколошките стандарди за она кое што го најавивме за нивниот возен парк, да имаат минимум ЕУРО 4 стандард.. Сметам дека токму ова можеби е причината зошто се најавуваат вакви протест, истакна Арсовска.