БОМБА НА ГЕРОСКИ – ПРИЗНА ДЕКА 3 МЕСЕЦИ ЈА ЛАЖЕЛ ЈАВНОСТА: Факт е дека не најдов цврсти индиции за кривично-правна одговорност на Заев, на Шеќеринска и до сега и на Ременски, во врска со аферата РЕКЕТ!

0
3690

Конечно по толку месеци клевети кон Бихачка, Геро призна во колумна на Плусинфо дека и тој самиот нема никакви докази или индиции дека врвот на СДСМ е вмешан во аферата Рекет:

Како што е познато, јас и самиот отворено пишував за нагласената политичка одговорност и на Заев и на Шеќеринска, но и на други личности од врвот на СДСМ, за промоцијата и за политичката поддршка на царството на рекетот на осомничените Бојан Јовановски и Катица Јанева. Но, факт е и тоа дека не најдов цврсти индиции за кривично-правна одговорност на Заев, на Шеќеринска и до сега и на Ременски, во врска со оваа афера. Кога би имал такви уверливи индиции, не би се воздржувал јавно да ги обелоденам. На тоа ме обврзува мојата веќе прочуена „суета“, а немам ни посебна причина да се секирам за нервозата на нашиот хиперсензитивен и кон новинарите нагласено нетрпелив премиер (освен кон своите пулени, се разбира).

Да бидам јасен: секој што внимателно го прочитал објавениот исказ на Камчев, лесно може да заклучи дека ниту наводите на пријавителот, ниту интенцијата на самиот исказ (која може да се толкува, не е забрането), не содржат индиции за кривично-правна одговорност на Заев и на Шеќеринска. Дополнително, во видео и аудио материјалот што го поседува Обвинителството (еден дел видовме и слушнавме сите, со посредство на „Ла Верита“), изгледа дека нема цврсти инидиции кои укажуваат на кривично-правна одговорност на премиерот, на министерката и на други политичари, во делот од аферата за кој пријавува Камчев.

Да потсетиме дека пред неколку денови во емисијата на Јанко Бурек, Геро го амнестираше и Александар Кирацовски за кој вели дека најверојатно само помогнал да се случат средбите на Боки со измамените бизнисмени а немал појма што се збори на тие средби. Што значи дека Геро без везе ги плукаше Кики и Фрики со месеци за сега да каже ПУ ПУ НЕ ВАЖИ, ШАЛИЛИ СМО СЕ?!?!