БОМБА НА ВОДНО: ЕУ АМБАСАДОРИТЕ ДЕНЕСКА УПАДНАЛЕ КАЈ ИВАНОВ НА ВОДНО СО УЛТИМАТУМ ДА ГИ ПОВЛЕЧЕ АБОЛИЦИИТЕ ДО ЧЕТВРТОК ПОПЛАДНЕ!

0
686

Претседателот Ѓорѓе Иванов, вечерва добил сериозна порака од амбасадорите во земјава, до четврток на пладне да објави дека ја повлекува во целост одлуката за аболиција (помилување), и со тоа да стави крај на протестите кои траат повеќе од една недела, испровоцирани од неговата одлука, пренесе Сведок.

timthumb.php_5

Ваквата порака, тврди дипломатски извор за Сведок, јасно и конкретно му била кажана на средбата со него, на која присуствуваат ЕУ амбасадори, предводени од Аиво Ораф, шефот на Делегацијата на ЕУ во Скопје и американскиот амбасадор Џес Бејли.

Притисокот врз Иванов мора да влоди со плод пред протестите кои се закажани за в четврток и од „Протестирам“ и контра протестот на ГДОМ.

Безбедносните проценки биле дека в четврток можни се сериозни инциденти и единствен спас за намалување на тензиите е Иванов повторно, како што објави дека сам ја донел одлуката, сам и да ја повлече.

vila-vodno

За средбата беше објавено на твитер акаунтот на Аиво Орав:

 

Му било сугерирано да не губи многу време на изнаоѓање на правни решенија, туку, едноставно да констатира дека се ставаат вон сила одлуките за аболиција на 56 лица, објавени во Службен весник од 12 април оваа година.

Странските правни експерти нашле толку правни празнини во одлуките на Иванов, па и таа најголемата, дека аболицираните не може да се жалат пред редовен суд на повлечените помилувања, бидејќи во решенијата нема нивни лични податоци, кривичното дело за кое се ослободуваат од кривично гонење без спроведување постапка, како и најважното, нема правен акт (решение за истрага, обвинение) на кое би можеле да се повикаат, бидејќи такви, во оваа фаза, во пред истрага за најголем дел од нив не постојат.

Со ваквата мисија на дипломатите и покрај заканите на Иванов да внимаваат какви притисоци прават да не ги пречекорат овластувањата од Виенската конвенција (за што според Иванов може и да бидат протерани) целта ќе биде постигната, а сите постапки против аболицираните ќе продолжат.

Со еден потег на Иванов, по службена должност ќе се поништат и решенијата со кои се запрени дел од постапките.

Пред средбата со Иванов, ЕУ амбасадорот Орав на Твитер објави: -ЕУ амбасадорите на средба со претседателот Иванов: Помилувањето ги поткопува отчетноста и владеењето на правото. Каква ќе биде иднина за земјата и за нејзините евроатлански интеграции?“, твитна Орав пред одењето кај Иванов.

Во вака планирана порастеретена атмосфера ќе се знае и конечниот список на патници за состанокот во петок во Виена, каде што ќе се бара итно решение за продолжување на договорените обврски од договорот во Пржино.

Петок е пред датумот кога треба да биде заклучен избирачкиот список според роковникот, па реални се шансите изборите да се одложат, а оваа влада или друга во проширен состав, како Влада на национален спас да биде формирана и да функционира до новиот датум, кој не е исклучено да се поклопи со локалните избори во март 2017 година.

Детали од средбата на амбасдорите може да се очекуваат подоцна вечерва или утре.

Извор: Сведок