БОМБА на „Викиликс“ открива како започнала „љубовта“ меѓу Груевски и Ахмети во 2006 година

0
1872

На Викиликс е објавена уште една депеша која зборува за почетоците и раѓањето на политичката љубов помеѓу Никола Груевски и Али Ахмети, и нивната прва заедничка средба, со посредство на Амбасадата на САД во Скопје и тогашната амбасадорка Џилиен Миловановиќ.

Најголема тема во периодот за кој се зборува (есента 2006) беше Законот за полиција, па тоа е и поттик за средбата.

Според депешата од Американската амбасада објавена на Викиликс, Ахмети на 2 октомври 2006 се сретнал со амбасадорката Миловановиќ откако итно барал средба, за да го побара нејзиното мислење за писмо со кое ДУИ би побарале да се почитува бадинтеровиот принцип при гласање на Законот за полиција. Писмото исто така претставувало повик за заедничка средба помеѓу потписниците на Рамковниот договор, под покровителство на тогашниот претседател Бранко Црвенковски. Сепак, амбасадорката рекла дека подобро би било да се започне со разговор во потесен формат, сугерирајќи можна средба во нејзината резиденција помеѓу Ахмети и Груевски, со присуство на претсавници од САД и ЕУ.

Амбасадорката подоцна истиот ден се сретнала со Груевски и го пренела предлогот за средба но тогашниот премиер го одбил. Тој рекол дека нема потреба меѓународната заедница да посредува за овие прашања, ниту пак тој им верува на другите страни дека би ги задржале дискусиите во тајност. Покрај тоа, тој не сакал да се сретнат со Ахмети во амбасадата, во резиденција или во присуство на странски амбасадори.

Следниот ден (3 октомври) амбасадорката се сретнала со Црвенковски барајќи негово мислење за предлогот на ДУИ (средба од поширок формат).

Тој, коментирајќи го ставот на Груевски, рекол дека не може да се оствари таква средба штом тој не сака да прифати, но дека може да огранизира средба доколку тоа е корисно за отпочнување дијалог.

И покрај првичните отфрлање на било какви посредства, од кабинетот на Груевски побарале Американската амбасада и ЕУ да организираат средба со Ахмети.

8954895490549043-670x625

Ахмети и Груевски се сретнале следното утро во Амбасадата на САД со присуство на амбасадорката и претставник на ЕУ (амбасадорот на ЕУ бил надвор од земјата во тој момент).

Тие имале разговор од 2 и пол часа кој бил цивилизиран и со меѓусебно почитување, но немало некој посебен резултат. Тема бил Законот за полиција и други меѓуетнички теми. Сепак, не успеале да се договорат околу законот бидејќи Ахмети сакал да се дискутира во пакет заедно со закон за јазикот и други теми. Груевски, пак, му рекол дека за тие теми посебно би разговарале.

Дијалогот продолжил на 5 октомври 2006 преку дискусии помеѓу Теута Арифи од ДУИ и Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ, повторно под посредство на ЕУ и САД.

Вечерта на 5 октомври повторно се одржала средба помеѓу Груевски и Ахмети, овој пат во резиденцијата на ЕУ во Скопје, каде биле сами, без присуство на претставници од ЕУ или САД. Според нивните изрази на тело по средбата, изгледало дека дијалогот бил конструктивен. Двајцата се согласиле да назначат претставници кои би дискутирале понатаму.

Од амбасадата на САД забележуваат дека иако е добро што започнал дијалог помеѓу Груевски и Ахмети, тие не очекуваат големи резултати на почеток.

Сепак, 10 години подоцна, можеме да заклучиме дека „љубовта“ што се родила во дипломатските претставништва на САД и на ЕУ во Скопје се уште трае.

Целата депеша на Викиликс ОВДЕ.

Превод – Либертас