БОМБА НА ВЕНКО ФИЛИПЧЕ: ВКУПНО 20 ИЛЈАДИ ВАКЦИНИ НА „ФАЈЗЕР“ ЌЕ ДОЈДАТ ВО ЗЕМЈАВА НА 19 И 26 АПРИЛ

0
211

По 10 илјади вакцини „Фајзер“ ќе стигнат во земјава на 19 и 26 април, кажа денеска министерот за здравство Венко Филипче. Станува збор за вакцини против ковид-19 кои се добиени со директен договор на земјава со компанијата.

Според официјалниот сајт ковид19вакцинација.мк, досега се вакцинирни 29.263 луѓе од 155.297 регистрирани. Покрај во „Борис Трајковски“, пунктови за вакцинација има уше во три поликлиники во Скопје и во здравствените домови во 34 градови.

Институтот за јавно здравје вчера соопшти дека откако на 17 февруари во Македонија почна вакцинацијата против ковид-19, и заклучно со 11 април, вкупно се вакцинирани 7.011 здравствени работници со прва доза (4.015 – „Фајзер/Бионтек“ и 2.996 – „спутник В“) и 5.857 (3.817-„Фајзер/Бионтек“ и 2.040- „спутник В“ ) со втора доза на вакцина против ковид-19. Од 31 март започна вакцинација на населението за лицата над 77 години и заклучно со 11 април вакцинирани се 8.330 лица. Од 5 април почна масовна вакцинација во вакцинален пункт во салата „Борис Трајковски“, каде што покрај вакцинирани здравствени работници беа вакцинирани и лица од критичната популација, вкупно 12.093.