БОМБА НА ВАНХОЈТЕ ВО НОВИОТ БРОЈ НА ФОКУС: Црната листа за Груевци веќе е спремна!

1
1174

ПРОТЕСТИЈАДА ЗАЧИНЕТА СО ЧАВКИЈАДА
„Протестијадата“ инспирирана од Иванов, предизвика „Чавкијада 2016“, која се одвива под мотото „Глупоста нема граници“. Главниот лик, кој се одзива на името Митко Чавков, ги гони тие што протестираат затоа што МЕГА криминалците се помилувани. Уф, не протестирале само, туку и фрлале боја и јајца врз градежните креатури на пастирот. А тоа било „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“, што е многу пострашно од „учество во партиска толпа на власт што врши серија кривични дела“.

„НЕВИНОСТ“ ВО ХАРЕМОТ НА ГРУЕВСКИ
Конечно, крај на длабоката политичка криза во Македонија! Веќе сме во уште подлабока и поголема политичка катастрофа. Скраја било, можеби, и катаклизма! Во ова сите нас „несебично“ нѐ втурнаа поранешниот премиер Никола Груевски и неговиот послушник д-р Ѓорге Иванов

ЕУ ЈА СТОКМИ ЦРНАТА ЛИСТА ЗА ФАМИЛИЈАТА
Во интервју за „Фокус“ поранешниот посредник во преговорите за Договорот Пржино, Питер Ванхауте говори за драматичната криза во Македонија, за решенијата кои ќе стигнат од Брисел и Вашингтон, за санкциите кои следуваат против Фамилијата од Европа и силно верува дека во Македонија ќе се врати демократијата

ПЛАНОВИ И ПРОЦЕНКИ
ВМРО-ДПМНЕ е решена да истрча на парламентарни избори на 5 јуни, без оглед што безмалку цела опозиција најави изборен бојкот, а и од ДУИ почнаа да стигнуваат сигнали дека нема да учествува на еднострани избор.

„СКОПЈЕ 2014“ ЌЕ СТАНЕ ИСТОРИСКО КОГА ЦЕЛОТО ЌЕ ГО ОФАРБАМЕ!
Александар Донев, активист од граѓанското движење „Протестирам“ за „Фокус“ објаснува што ги предизвикало граѓаните да излезат на масовните протести. Донев говори за приведувањето на дел од демонстрантите, за однесувањето на полицијата, за идејата со бои да се „бомбардираат“ објектите од проектот „Скопје 2014“ и за шарената револуција

КОРЕЊА НЕ НИ БЕГААТ!
Притисоци за промени на монетарната политика ќе постојат, особено кога ќе се реализираат заканите за прекинување на кредитирањето од Светска банка и ММФ. Ако ваквата криза потрае, ќе има послабо полнење на буџетот, што во услови на неможност од нови задолжувања од надвор ќе влијае врз исплатата на пари од буџетот, за плати, пензии и за социјални трансфери. Ќе јадеме ли корења?

ТИВОК БОЈКОТ ВО ДПМНЕ
Никој од првиот ешалон на партијата и државата нема да мрдне ниту со малиот прст и да застане во ваша одбрана! Тоа е главната порака која Кривичниот суд им ја испрати на партиските војници на ВМРО-ДПМНЕ вработени во државната администрација

ДОБА НА ЕКСТРЕМИЗАМ
Цела Европа ја заплиснува бранот на автократијата и на екстремните партии што го нудат автократско владеење како решение за сите проблеми. Ние си имаме автократски, популистички режим веќе со години. Наместо ние да одиме кон Европа, Европа оди кон нас?

 

Колумнисти:

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Шарената револуција е идеолошки неутрална: таа не е ниту лева, ниту десна, а уште помалку центристичка, но затоа идејно е кристално јасна. Прво, дека државата е на граѓаните, а не на криминалците и второ, дека лидерите на политичките партии не се и политички лидери на граѓаните

Ана ПАНОВСКА
Овие хохштаплери сакаат да прикажат дека имаат некаква концепција кога се повикуваат на „поддршката“ од Русија, демек, како заштитничка на Македонија од грабливите раце на САД и ЕУ. Богами, тие „грабливи раце“ многу љубезно и издашно го потпираа Груевски речиси цели 10 години

Гордана ПОПСИМОНОВА
Во моментов, СМРАД-от е во фаза на неартикулирана и очајничка психолошко-пропагандна активност, која подразбира ширење масовна хистерија, односно страв од контрареволуции, братоубиствени војни, продавање на името и веројатно терористички акции од ИД

Александар ТОРТЕВСКИ
Не е јасно во што од полицијата го утврдуваат постоењето на штетата во дејствијата на Савевски!? Дали во рамката од сликата или, пак, во уништување на фотографијата на Хорхе Помилувачот. Ниту едното, ниту другото за никој нормален во оваа држава немаат никаква вредност.

Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Граѓанското движење за одбрана на Македонија, кое организира контрапротести за нејзина поддршка, дејствува според поданички принцип: ако го притиснат – „газ дава“, ако малку го олабават – „газ бара“

Comments are closed.