БОМБА НА БАЧЕВ : ВМРО-ДПМНЕ И МИЦКОВСКИ НЕ ПРИФАТИЈА КОАЛИЦИЈА СО ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА ЗА ДА СЕ ПОНИШТИ ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА

0
1300

Единствена Македонија на денешната прес конференција, сабота, 7 март 2020, го обелодени повратниот одговор на ВМРО-ДПМНЕ по повод јавниот повик на Единствена Македонија до ВМРО-ДПМНЕ за коалиција под пет услови.

На прес конференцијата претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев рече:

Како што е познато во јавноста, Централниот комитет на Единствена Македонија на седницата од 29 февруари упати јавен повик за коалициски настап со ВМРО-ДПМНЕ под следните услови: поништување на договорот со Грција за промена на името; поништување на договорот со Бугарија со кој се бришат Македонците во Пиринска Македонија; поништување на фалсификуваниот попис во 2002 со кој Албанците беа лажно прикажани дека се 25,17 отсто и спроведување на попис кој реално ќе ја прикаже бројноста на населението во Република Македонија; поништување на двојазичноста, односно, службен јазик македонскиот јазик и кирилското писмо, доколку коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и Единствена Македонија освои 61 пратеник, формирање влада без учество на албанска партија.

Веднаш да кажам дека повратниот договор на ВМРО-ДПМНЕ е оти овие услови се неприфатливи. За ВМРО-ДПМНЕ договорите со Грција и Бугарија со кои се бришат Македонците од светската мапа на нации е завршена работа и мора да се помириме со тоа. Јазичната федерализација со двојазичноста, исто така е прифатилива за ВМРО-ДПМНЕ. Исто така за ВМРО-ДПМНЕ мора да има коалиција со албанска партија и доколку освојат сто пратеници. Значу, за ВМРО-ДПМНЕ бришењето на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ е завршена работа и нема да ги поништуваат договорите.

ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија има легитимно право да си гради свои политики. Но, ние длабоко жалиме што ВМРО-ДПМНЕ одбра да го прифати бришењето на се што е македонско.  ВМРО-ДПМНЕ одбра да оди против својот народ кој на реферндумот на 30 септември 2018 кажа дека не сака членство во НАТО, ЕУ и промена на името.

Ние длабоко верувавме дека ВМРО-ДПМНЕ ќе застане на чело на еден широк национален фронт за одбрана на Македонија и Македонците. Но, ВМРО-ДПМНЕ одлучи да биде на страната на неријателите на македонското дело кои не бришат како Македонци.

Сега останува само Единствена Македонија како автентична национална и патриотска партија која секогаш е на првата линија во одбрана на националните и државните интереси да ја бие битката за Република Македонија. Ветуваме и даваме збор дека новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ќе ги поништи антимакедонските договори со кои се брише се што е македонско.

Затоа, Единствена Македонија повикува на национален Сојуз за Македонија од партии и здруженија кој заедно ќе настапи на изборите на 12 април. За таа цел, Единствена Македонија е подготвена за соработка со партии, здруженија и поединци од земјата и странство доколку е прифатлива оваа Платформа која е нашиот план и визија за спас на Македонија а секое отстапување од неа да се смета за национално предавство.

Не е потребно обединување околу лидери, партии и поединци, туку сега, ни е потребно обединување врз основа на Платформа со јасни определби. Целата држава е во заложништво и можеме да ја ослободиме само доколку делуваме, токму сега, единствени и сплотени во одбрана на Татковината.

Прва задача на новата легална власт на Единствена Макеоднија која доаѓа е поништување на антимакедонските договори. Тоа што Заев вели дека договорите се непроменливи, заборавете го. Лаже. Договорите се ништовни, но, за да ги поништиме има само еден услов – народот да не згреши на изборите. Ние го правиме долгоочекуваниот чекор. На потег е народот.

Најавувам дека од денеска Единствена Македонија започнува со преговори со субјекти кои се на линијата за одбрана на Македонија и Македонците за заеднички настап на изборите на 12 април кои имаат историско значење – или  ќе се зацементира бришењето на се што е македонско, или, на изборите ќе победат националните и патриотските сили кои ќе ја вратат државата на изворните илинденски и асномски принципи.

Единствена Македонија ја бара првата шанса на изборите. Тоа може да биде последната шанса за Македонија

Да живее Република Македонија

Да живее македонскиот народ

Да живеат државјаните на Република Македонија.