БОМБА НА А1ОН : МИЛЕ ЈАНАКИЕСКИ И СПИРО РИСТОВСКИ ПРЕТЕПАНИ ВО ЗАТВОРОТ ВО ШУТКА ОД СТРАНА НА ОБВИНЕТИ ЗА ,,ДИВО НАСЕЉЕ”!

0
789

Двајцата осомничени за организација на настаните од 27 април, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, на кои вчера им беше одреден 30-дневен притвор, биле претепани во затворот во Шуто Оризари, потврдуваат нивни блиски за „А1он“.

Роднините кои ги контактиравме велат дека и двајцата биле повредени во тепачка која настанала со осуденици од „Диво насеље“. Роднините велат дека нивните блсики биле раскрвавени и пренесни на здравствен преглед во болниците.

До кривичниот суд во Скопје стигнало известување за физички инцидент во затворот Скопје во Шуто Оризари, дознава „А1он“ од извори во судот.

Во известувањето било наведено дека станува збор за физички напад, а утре судија ќе ги посети осомничените во затворот.

Извор : A1on