БОМБА НА АЦО КАБРАНОВ: МИЦКОВСКИ БИЛ СПРЕМЕН ДА СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА, ГРУЈО МУ НАРЕДИЛ ДА НЕ СИ ДАВА ОСТАВКА!

0
607

Објавувањето на неофицијалните резултати во раните утрински часови, ден по изборната пресметка, било ем траорно ем тензично. Шокирани дека наместо очекуваното цунами со кое ке го збришат Заев, ќе го пратат во политичка пензија а во ривалската СДСМ ке почне посакуваниот распад, приказната вели дека била истурање кофи вода на главите на веќе идните вмровски, испланирани од шпицен премиерот па надолу, до министрите и директорите. Јавноста долго во ноќта ќе го очекува лидерот-шпицен кандидатот да се појави да ги резимира резултатите, но можеби не дека не сакал туку заради неприличната состојба во која бил, не било прикладно да се појави пред камерите. Дали било така знаат тие што биле околу него во таа долга мрачна ноќ,но приказната е отприлика така некако. Групата стари вмровци кои лидерот или ги исклучи од партијата или ги маргинализираше како нелојални кон него, не чека. Аберот за оставка заради изгубени три избори и катастрофален резултат прв ја испраќа јавно кавадаречкиот градоначалник.

Преку бугарската агенција БГнес тој ке му порача на шпицен кандидатот дека времето му истекло, резултатите се катастрофални и дека неговото заминувањето е неминовност. Тој не е сам, тоа не е тајна во вмровските кругови туку и во пошироката јавност. Со него се видни вмровци, министри градоначалници и директори од времето на вмровскиот ЛУЈ. Приказната вели дека со нив е и некогаш најмоќниот во државава, сега ислучениот од партијата, бизнисменот Мијалков, или “донот”, како што го викаат вмровци. Притисокот дека шпицен кандидатот како губитник треба да си го исполни ветувањето, сам да си замине од челната позиција на партијата.

Што се случувало понатаму и како реагирал ЛУЈ од Пешта, кој буљел во компјутерот, а според приказната и телефонски барал информации од неговите но можеби и делел инструкции, како да се менаџира неочекувано неповолниот резултат за белата палата. И во денот по тешката ноќ, комуникациите и мегу лојалните на шпицен кандидатот и на заговорниците за оставки биле наводно интензивни. Реалноста дека нема ништо од ветувањето дека партијата на изборите ќе направи историски победнички резултат можеби навистина да бидат потврда на приказната дека шпицен кандидатот го свиткал табакот и во неговиот математички прецизен стил нашкрабал оставка, како морален чин за неисполнето ветување и очекување.

Во исчекување на оставката веројатно бил и противничкиот партиски табор, кој ја очекувал ветената оставка на лидерот по неисполнетото ветување. За се ова, според приказната, изворно бил информиран и наводно консултиран од белата палата бегалецот во Пешта, вмровскиот ЛУЈ. За заговорниците за оставка на лидерот очекувано било дека тие зад себе го немаат Луј но имаат силен адут- најлош резултат во поновата историја на партијата на избори.

И ако е приказната точна, барем привремено, кураж за лидерот да не брза со оставката бил лично од ЛУЈ. Аберот се разбира телефонски наводно бил испратен во два правца- во белата палата, но и на некогаш нему најблискиот и близок роднина, СТОП за притискање за оставка сега и веднаш. Од белата палата лојалните на лидерот, по директива или самоиницијативно сеедно, уште во вечерните часови на фејсбук почнуваат статуси од портпароли, идни пратеници и луѓе лојални на лидерот со безрезервна подршка и порака ОДИМЕ ДО КРАЈ.

Во таборот на противниците на лидерот откако и кај нив ЛУЈ испратил абер но и закани дека наводно има како да им врати ако не ги слушаат неговите инструкции, решиле малку да прикочат, но не и да се откажат од идејата дека е логично штом не го исполнил ветеното етички е лидерот да остане математички прецизен, како што често вели и да се повлече од плишаната фотеља во белата палата. Раскажувачот ни вели, бидете така, прикаската продолжува, и двата табора работат. Кој ќе биде победникот во внатрепартиската војна за тронот ќе биде позната наскоро. Оние во белата палата имаат ветер во грб од ЛУЈ од Пешта а спротивниот табор, лошиот изборен резултат и неисполнетото јавно ветување на шпицен кандидатот.

Ацо Кабранов