БОМБА НА АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА : ЦЕЛО РАКОВОДСТВО НА ВМРО-ДПМНЕ МОЖЕ ДА ЗАВРШИ СО ЗАБРАНА ЗА ВЛЕЗ ВО САД!

0
12043

Американскиот Стејт Департмент може да им забрани влез во САД на корумпираните функционери, согласно претседателската декларација 7750. Ова било наведено во одговорот од амбасадата на САД во земјава на прашањето на „24 Вести“ дали на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески му е одбиено барањато за американска виза.

Од амбасадата не одговориле директно на прашањето, но посочиле дека борбата против корупцијата е врвен приоритет за Владата на САД.

„И покрај тоа што не можеме да коментираме поединечни барања за виза, борбата против корупцијата е врвен приоритет за Владата на САД во Македонија и во целиот свет. Согласно претседателскaтa Декларација 7750, Стејт Департментот може да им забрани влез во САД на корумпирани функционери. Ние ги базираме овие одлуки по разгледување различни информации, од голем број извори“, било наведено во одговорот на амбасадата на САД на прашањето на „24 Вести“.

Инаку, Јанакиески еден од осомничените во случаите „Титаник“ и „ТНТ“, што ги отвори Специјалното јавно обвинителство (СЈО).