БОМБАТА на Андреј Жерновски ДЕТОНИРАНА : ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со партиски договор го одложиле поставувањето на албанските споменици!

0
935

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, на прес конференција, како што рече, ја расчисти маглата и јавноста ја дозна вистината за трите споменици на албанските дејци кои, според договорот меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, требало да бидат поставени пред локалните избори во 2013-та година.

“Јавноста треба да ја знае вистината со какви политички манипулации и игри се служат ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за добивање гласови. Општина Центар за проектот “Скопје 2014” била пералница за пари. Од документите се гледа дека општина Центар требала само да ги префрли парите за споменици на Неџат Аголи, Јосип Багери и Пјетер Богдани. Од документите ќе видите кој е вистински одговорен за транспортот и поставување на овие споменици и кој имал интерес тие да не бидат поставени пред и за време на локалните избори“, рече Жерновски.

Градоначалникот ги покажа договорите помеѓу општина Центар и леарницата “Гуастини“ во Италија за леење, транспорт, осигурување, подготовка и постаување на соодветен постамент на спомениците на Аголи, Багери и Беџети. Транспортот и поставувањето е обврска на леарницата, а не на општина Центар. Општина Центар требала само да ги префрли парите и буквално нема никаква надлежост над нив.

“За скандалот да биде поголем, на 12-ти јануари, 2016-та година, Владата на седница носи заклучок со кој го задолжува Министерството за локална самоуправа, преку општина Центар, да организира транспорт на трите споменика на албанските дејци од Виченца, Италија до Скопје и да ги заврши потребните процедури за нивно поставување, најдоцна до февруари, 2016-та година. Гледате какви одлуки носи Владата за да изврши притисок врз општина Центар. Затоа барам итно, на првата наредна седница, Владата да ја поништи оваа одлука. Во спротивно, ќе поведеме постапка пред надлежните органи“, рече Жерновски.

Градоначалникот објави и скандалозни документи во кои се гледа дека поранешниот секретар на општина Центар потпишал барање за продолжување на рокот за лиење на спомениците на албанските дејци за цели 13 месеци од претходно договореното.

“Документацијата за спомениците ја открива играта на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Имено, тие треба да одговорат зошто секретарот поставен од ВМРО ДПМНЕ, потпишал документ за одложување на лиењето само на овие споменици, и тоа за цели 13 месеци. Зошто се одложува лиењето на овие споменици, додека за сите останати вакво одложување нема. Како што знаете, сите други освен овие три се поставени за време на изборите во 2013? Јас и ова општинско раководство нема да учествуваме во овие игри. Ова е провиден трик и затоа прашувам до кога ќе играат на оваа карта?“, рече градоначалникот на општина Центар.

На прашањето зошто дури сега, во петокот дојде инспекција од трите министерства за култура, локална самоуправа и Министерството за администрација и информатичко општество, Жерновски одговори дека тоа е поради нападите во Владата од страна на ДУИ и препукување меѓу двата коалициски партнери, но цитирајќи изјава на поранешен премиер, рече дека ‘вистината е како шило, секогаш излегува на површина’.

Ова, рече Жерновски, е вистината за спомениците на албанските дејци и политичките манипулации и игрите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Документите кои ги презентираше Жерновски може да ги погледнете ОВДЕ