БОМБАСТИЧНА ЗАКАНА НА АМЕРИКАНСКИОТ СОВЕТНИК ЗА НАЦИОНАЛНА БЕЗБЕДНОСТ, ЏЕЈК САЛИВАН ОД БЕЛАТА КУЌА ВО ВАШИНГТОН : ДОКОЛКУ РУСИЈА НАПАДНЕ НЕЈЗИНА ТЕРИТОРИЈА НАТО ЌЕ ОДГОВОРИ СО ПОЛНА СИЛА

0
368

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан предупреди дека ако Русија „пука на територијата на НАТО“, блокот ќе одговори „со полна сила“.

Саливан додаде дека ова ќе го активира членот 5 на НАТО, кој вели дека нападот врз еден сојузник на НАТО ќе се смета за напад врз сите сојузници.

„Ако има воен напад на територијата на НАТО, тоа би предизвикало повикување на член 5, а ние би одговориле на тоа со целосните сили на НАТО“, изјави Саливан за CBS.